Вработени од JП „Охридски Комуналец” денес бркаа коњ низ шеталиштето во центарот на Охрид.
Како што велат вработените во јавното претпријатие, веднаш по пријава излегле да го фатат. На истиот овој простор се наоѓа и градскиот парк со штотуку засадени цвеќиња, а во истиот период на шеталиштето се одржуваше и трка на деца од основните училишта.
Од претпријатието велат вработените успеале да го врзат и да го тргнат од шеталиштето на Кејот.
Д. ЧУБРИЌ