Инвеститорот на дивиот хотел во Лагадин продолжи да го гради објектот откако Министерството за транспорт и врски ја уважило неговата жалба против решението на Општината за поништување на решението за градба. Од локалната власт најавуваат дека општинскиот градежен инспекторат повторно ќе донесе одлука за поништување на решението за градба на хотелот.
„Ова се повторува веќе неколку пати. Но локалната власт има цврст став дека објектот не треба да се гради. Очекуваме Општинскиот градежен инспекторат да донесе одлука за поништување на решението за градба на хотелот во Лагадин“, ни изјавија во Општина Охрид.
- БАКРАЧЕСКИ МОРА ДА ЈА СОПРЕ ГРАДБАТА НА ДИВИОТ ХОТЕЛ ВО ЛАГАДИН, УТВРДИ ДРЖАВНИОТ ГРАДЕЖЕН ИНСПЕКТОРАТ
- БЛОКАДА НА ПАТОТ КАЈ ЛАГАДИН КАКО ПРОТЕСТ ПРОТИВ ДИВИОТ ХОТЕЛ И ИГНОРАНТСКИОТ ОДНОС НА БАКРАЧЕВСКИ
- ХОЛАНДСКИОТ ТУИ НЕ Е ИНВЕСТИТОР НА ДИВИОТ ХОТЕЛ ВО ЛАГАДИН ШТО ПРЕКРШИ 12 ЗАКОНИ
- ХОТЕЛОТ КАЈ ЛАГАДИН НЕ СМЕЕ ДА СЕ ГРАДИ, ВЕЛИ ОХРИДСКИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК СТОЈАНОСКИ
Својот став кон изградбата на овој хотел во март го изнесе и градоначалникот Јован Стојаноски кој тогаш кажа дека „ние како Општина Охрид донесовме одлука со кое се поништува одобрението за градба на хотел кај Лагадин и тоа ќе оди до Второстепена комисија, до Транспорт и врски и ако тие одлучат како нас, инвеститорот може да поведе управен спор“, додавајќи дека хотелот не може да се гради, бидејќи му е одземено одобрението за градба“,
Против оваа дивоградба, која се градеше надвор од сите прописи за заштита на животната средина, се побунија бројни здруженија во Охрид, а и самите жители на населбата во текот на минатото летото во повеќе наврати, во знак на револт, го блокираа патот Охрид-Пештани-Свети Наум.
Д. ЧУБРИЌ