ИВАНОВ ЈА ПОВЛЕЧЕ АБОЛИЦИЈАТА ЗА 22 ПОЛИТИЧАРИ

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(сАКАМДАКАЖАМ.МК)

    ИВАНОВ ЈА ПОВЛЕЧЕ АБОЛИЦИЈАТА ЗА 22 ПОЛИТИЧАРИ

    Претседателот Ѓорге Иванов ги повлече аболициите за сите 22 политички експонирани лица што ги помилува на 12 април. За останатите од списокот на 56 помилувани оставена е можноста индивидуално да си поднесат барање до него да им биде повлечена аболицијата.

    „Никој не е недопирлив, секој ќе одговара за тоа што го направил“, рече Иванов.

    Тој рече дека неговата одлука од 12 април многумина не ја разбрале, или не сакале да ја разберат и дека, според него, таа била единствениот начин за излез од длабоката политичка криза. „Бев обвинуван дека сум сакал да ги заштитам политичарите. Најсовесно изјавувам дека не сум имал таква намера“, рече претседателот Иванов.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира