НОВИНАРОТ БОРИС ГЕОРГИЕВСКИ ПРВОНАГРАДЕН ОД ЕУ ЗА СЕРИЈАЛОТ „ДОСИЕ ТЕЛЕКОМ“

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    НОВИНАРОТ БОРИС ГЕОРГИЕВСКИ ПРВОНАГРАДЕН ОД ЕУ ЗА СЕРИЈАЛОТ „ДОСИЕ ТЕЛЕКОМ“

    Новинарот Борис Георгиевски, автор на серија истражувања во рамките на циклусот на БИРН „Досие Телеком“ објавени на Призма, е добитник на првата награда на Европската Унија за истражувачко новинарство за 2015 година. Второнаградено е истражувањето и базата на податоци „Скопје 2014 под лупа“ на екипа од БИРН. Билјана Николовска, новинарка на ТВ Телма за серијалот „Од невработени до затвореници: Како системот амнестираше 15 илјади здравствени осигуреници“ ја доби наградата за најдобар млад истражувачки новинар, која годинава првпат се доделува.

    Серијалот текстови „Досие Телеком“ ги  обработува резултатите од доказниот материјал кој е дел од постапката што пред судот во Њујорк се води против поранешните водечки луѓе на Маѓар телеком обвинети за поткупување на владини функционери во Македонија.

    „Скопје 2014 под лупа“ е истражување кое има за цел да овозможи увид во трошењето на јавни пари за контраверзното менување на ликот на Скопје. Основата на истражувањето е интерактивната онлајн база на податоци „Скопје 2014 под лупа“ која ги содржи сите договори, набавки, имиња на фирми и автори како и инвеститори од проектот и ја утврдува крајната цена на проектот „Скопје 2014“.
    Истражувањето на Николовкса обелоденнува дека по барање на Фондот за здравствено осигурување, обвинителствата низ целата земја покренале постапки против невработени лица за кривично дело „фалсификување на исправа“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира