ОПШТИНА БИТОЛА ЈА БАРА СОПСТВЕНОСТА НА ДОМОТ КОПАНКИ ОД ПЛАНИНАРСКИОТ КЛУБ ЗА ДА ГО ОБНОВИ

    ОПШТИНА БИТОЛА ЈА БАРА СОПСТВЕНОСТА НА ДОМОТ КОПАНКИ ОД ПЛАНИНАРСКИОТ КЛУБ ЗА ДА ГО ОБНОВИПланинарски дом „Копанки“ во националниот парк Пелистер изгоре во пожар во 2013 година. (Фото: СДК.МК)

    Општина Битола бара од Планинарско-спортскиот клуб „Пелистер“ да ѝ го отстапи планинарскиот дом Копанки за да може да изврши целосна реконструкција врз опожарениот објект.

    Во соопштението што Општината го испрати до медиумите и ПСК „Пелистер“ пишува дека е подготвена да изврши целосна реконструкција, меѓутоа е спречена поради приватната сопственост на домот. Инаку Копанки е во сопственост на Планинарско-спортскиот клуб „Пелистер“.

    Имајќи ги предвид нашите претходни средби и разговори, а со цел конечно да го возобновиме функционирањето на објектот, ги покануваме да го отстапат на општината под услови прифатливи за нив како би можеле целосно финансиски да го реализираме проектот, стои во соопштението на Општината.

    Планинарскиот дом Копанки изгоре пред пет години. Токму за викендов Планинарско-спортскиот клуб „Пелистер“ има организирани акција за подготвителни земјени работи за санација на домот.

    Едно од најголемите очекувања на битолчани од оваа локална власт е токму обновувањето на планинарскиот дом.

    Од ПСК „Пелистер“ велат разговарале со градоначалничката, а за ваквиот предлог ќе треба да разговараат на Собрание на клубот и да одлучуваат. Потоа, ќе ја известат Општината и јавноста.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира