Ентони Бурден, славен готвач, талентиран раскажувач и писател, кој гледачите на Си-Ен-Ен ги одведе низ целиот свет, почина на 61-годишна возраст и беше потврдено дека станува збор за самоубиство.
„Со огромна тага можеме да потврдиме дека почина нашиот голем пријател и колега Ентони Бурден. Неговите љубов кон авантури, убави јадења и пиења и неверојатни приказни за светот го направија уникатен раскажувач. Неговиот талент никогаш не престана да нѐ воодушевува“, соопшти Си-Ен-Ен.
Бурден бил пронајден мртов во хотелска соба од негов пријател. Тој работеше во Франција на нова епизода од неговата наградувана серија „Непознати делови“.
Преку неговите книги и ТВ-серии, тој ѝ помогна на публиката поинаку да размислува за храната, патувањата и за себеси, добивајќи голем број награди за својата работа, при што го следеше прекарот на „рок ѕвезда на кулинарскиот свет“.