ЗОШТО ЛУЃЕТО ДА СЕ ВИКААТ МАКЕДОНЦИ И ДА ЗБОРУВААТ МАКЕДОНСКИ, ГО ПРАША МИЦОТАКИС ЦИПРАС

    ЗОШТО ЛУЃЕТО ДА СЕ ВИКААТ МАКЕДОНЦИ И ДА ЗБОРУВААТ МАКЕДОНСКИ, ГО ПРАША МИЦОТАКИС ЦИПРАССпоред Мицотакис, прифаќањето на македонскиот јазик и македонската националност е неприфатлив национален пораз за Грција. (Фото: Ефимерида)

    Лидерот на грчката опозиција Кирјакос Мицотакис поднесе интерпелација во грчкиот парламент за владата на Алексис Ципрас поради договорот за името. Според Мицотакис, станува збор за лош договор и прифаќањето на македонскиот јазик и македонската националност е неприфатлив национален пораз.

    Претседателот на Нова Демократија вели дека државата добива географска одредница, но не и нејзиниот народ.

    „Можете ли да ми кажете зошто луѓето да бидат нарекувани Македонци и да зборуваат македонски?“, го прашува Мицотакис премиерот Ципрас.

    Мицотакис му забележува на Ципрас и дека се подготвува да потпише договор во Преспа во недела, без да потврди дека има парламентарно мнозинство и без едногласна поддршка од неговиот кабинет.

    „Сè ова е без преседан. Обврзан сум да ги искористам сите можности предвидени со уставот да го спречам застранување на институциите и ставање на иднината на земјата под хипотека“, вели Мицотакис.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира