Раскрсницата пред „Палома бјанка“ е претворена во летна дискотека. Шарените револуционери на една страна поставија штандови на кои демонстрантките се шминкаат за полициската забава, а на средина од раскрсницата од комбе со големи звучници веќе се пушта музика.
Забавата „Информативен разговор“ е на раскрсницата пред „Палома бјанка“ оти кордон полицајци не им дозволи на демонстрантите да се доближат до полициската станица „Беко“ каде што беше најавено дека ќе се одржи.