Потпишувањето на договорот, кој по 27 години треба да стави крај на спорот за името помеѓу Македонија и Грција, беше проследен со мал протест на грчката страна од Преспанското Езеро.
Десетици демонстранти со грчки знамиња во рацете пристигнаа во близина на селото Псарадес (Нивици) во пресрет на историскиот чин, што успеди по два дена жестока дебата во грчкиот парламент, по која беше изгласана доверба за владата на Ципрас.
Полицијата ги блокираше сите пристапи до селото, со цел да се спречи доаѓањето на националистичките демонстранти, кои на крајот се собраа 40 километри подалеку.