Полицијата со солазавец и шок бомби ги растера демонстрантите кои протетсираа пред Собранието поради договорот со Грција за конечно решавање на спорот за името, кој денеска во Преспа го потпишаа министрите за надворешни работи на Македонија и на Грција Никола Димитров и Никос Коѕијас во присуство на премиерите Зоран Заев и Алексис Ципрас.
Пред Собранието имаше околу 2.000 демонстранти. Околу 21 часот демонстрациите станаа насилни, оти демонстрантите почнаа да ја тргаат оградата и се обидоа да влезат во Собранието.