ИМА ПОВРЕДЕНИ ВО ДЕМОНСТРАЦИИТЕ ПРЕД СОБРАНИЕТО

    ИМА ПОВРЕДЕНИ ВО ДЕМОНСТРАЦИИТЕ ПРЕД СОБРАНИЕТОФото: Г. Трпеноски

    Има неколку повредени во демонстрациите вечерва пред Собранието на Македонија. Интервенираше и Брзата помош.

    Од службата за итна помош за САКАМДАКАЖАМ.МК изјавија дека интервенирале на барање на полицијата и дека нивните екипи се на терен, без да дадат информации за бројот на повредени.

    Два кордона специјална полиција го чува Собранието. Од двете страни има групи кои им довикуваат на полицајците и одвреме навреме фрлаат камења кон нив. Најнасилните демонстранти се маскирани.

    Полицијата употреби десетина шок бомби и солзавец за растурање на демонстрантите.

    Во моментов ситуацијата е смирена, но тензична. Има само довикување од страната на Градската болница и Триумфалната капија.

    Од тоа што го видоме на местото на настанот нема голема штета, освен што е откорнат еден семафор.

    Демонстрациите се во знак на протест против договорот за името, кој денеска во Преспа го потпишаа министрите за надворешни работи на Македонија и на Грција Никола Димитров и Никос Коѕијас во присуство на премиерите Зоран Заев и Алексис Ципрас.

    ГОРАН ТРПЕНОСКИ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира