ВЕДНАШ ПОЧНИ ЈА ПОСТАПКАТА ЗА ИМПИЧМЕНТ, МУ ОДГОВОРИ ИВАНОВ НА ЗАЕВ

    ВЕДНАШ ПОЧНИ ЈА ПОСТАПКАТА ЗА ИМПИЧМЕНТ, МУ ОДГОВОРИ ИВАНОВ НА ЗАЕВИванов го обвини Заев дека изнел невистини и закани во вчерашната емисија „Само Вистина“. (Фото: СДК.МК)

    Претседателот Ѓорге Иванов го повика премиерот Зоран Заев веднаш да покрене постапка за негов импичмент како реакција на изјавата на Заев во емисијата „Само Вистина“ на ТВ „Канал 5“. Премиерот вчера во телевизиското гостување најави дека парламентарното мнозинство ќе побара импичмент на Иванов доколку тој не го потпише договорот за името со Грција, ако граѓаните на референдум се изјаснат позитивно.

    „Го повикувам Заев со истото двотретинско мнозинство кое е неопходно за менување на Уставот на Република Македонија, веднаш да покрене постапка за утврдување на одговорност на претседателот на Републиката, односно импичмент“, вели Иванов во пишаната изјава до медиумите.

    Претседателот вели и дека останува на ставот дека договорот со Грција е штетен и нема да го потпише.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира