ОПШТИНА ЦЕНТАР ПОЧНА АКЦИЈА СО УРИВАЊЕ ДИВИ КАФЕАНСКИ ТЕРАСИ ВО ДЕБАР МААЛО

    ОПШТИНА ЦЕНТАР ПОЧНА АКЦИЈА СО УРИВАЊЕ ДИВИ КАФЕАНСКИ ТЕРАСИ ВО ДЕБАР МААЛОКафеанџиите добиле решение од општината уште пред два месеци со барање за отстранување на тврдата градба на тротоарите во Дебар маало - кафеанџиите се караат со инспекторите (Фото: К. Попов)

     

    Општина Центар утрово почна со уривање на диви тераси на кафеаните на улицата Аминта Трети (Ленинова) во Дебар Маало.

    Се уриваа тераси на кафани кои се со цврста градба односно се затворени со врати,прозорци и лимени тенди.

    Сопствениците на кафулињата се караат со инспекторите и полицијата, барајќи да не ги уриваат, туку да им дадат време сами да го отстранат тврдите градби од тротоарите.

    Инспекторите им рекоа дека уште пред два месеци Општината им дала решение дека мора да ја отстранат тврдата градба на летните тераси.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира