ИВАНОВ ДА ГО ИСКОРИСТИ МОМЕНТОТ ПО ДОБИВАЊЕТО ПОКАНА ОД НАТО И ДА ЈА ПОТПИШЕ РАТИФИКАЦИЈАТА, КАЖА ЏАФЕРИ

    ИВАНОВ ДА ГО ИСКОРИСТИ МОМЕНТОТ ПО ДОБИВАЊЕТО ПОКАНА ОД НАТО И ДА ЈА ПОТПИШЕ РАТИФИКАЦИЈАТА, КАЖА ЏАФЕРИСобранискиот спикер Талат Џафери на денешниот брифинг со новинарите. (Фото: СДК.МК)

    Ратификацијата на договорот со Грција ќе биде повторно на собраниска седница на 5 или 6 јули, рече претседателот на Собранието Талат Џафери на денешниот брифинг со новинарите.

    Џафери кажа дека очекуваат и по повторното гласање во Собранието претседателот Ѓорге Иванов пак да не ја потпише ратификацијата, освен, како што кажа, ако не го искористи моментот по денешното добивање покана од НАТО, се премисли да го потпише Указот.

    „Ако и по вторпат не потпише, веќе станува лоша пракса со мешање во надлежностите, кои што нему не му припаѓаат. Собранието ќе ја истера целата процедура до крај како што треба“, рече Џафери.

    За формирањето на ДИК, Џафери рече дека денес истекува рокот да се формира ДИК и очекува Комисијата за избори и именување да се состане и да го изврши изборот. Наредната собранска седница начелно е закажана за 17 јули и тогаш ќе биде ставен на дневен ред и гласањето за ДИК.

    „Ако Комисијата за избори и именувања одлучи побрзо, можам да закажам итна седница по предлог на 20 пратеници и можеме да имаме порано седница за избор на ДИК, кажа Џафери.

    За седница за распишување референдум, Џафери рече дека има најави за референдумско изјанување за договорот со Грција за крајот на септември, но сè уште не е официјално кога ќе биде одржан. Ако биде на крајот на септември, тогаш до крајот на јули мора да се распише референдумот и да почнат да течат сите законски рокови.

    Претседателот на Собранието планира покрај ратификацијата, ако пак не ја потпише Иванов, во пакет со Законот за јазици да ја испрати во Службен весник, но ќе почека да види како ќе се однесува претседателот.

    „Мора да има некое решение. Кој има дилема дали нешто не е во согласност со Уставот има институции кои тоа го одлучуваат. Тоа е Уставниот суд.“ рече Џафери.

    Претседателот Иванов на 26 јуни го извести Собранието дека донел одлука да не го потпише Указот за прогласување на Законот за ратификација на договорот со Грција за решавање на спорот за името, откако претходно Собранието на 20 јуни со 69 гласа „за“ го ратификуваше договорот.

    Г. ТРПЕНОСКИ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира