НИКОГАШ НЕ СТЕ БИЛЕ ПОБЛИСКУ ДО ЕУ, КАЖА АМБАСАДОРКАТА КОБЛЕР НА ПОЧЕТОКОТ НА АВСТРИСКОТО ПРЕТСЕДАТЕЛСТВО СО УНИЈАТА

    НИКОГАШ НЕ СТЕ БИЛЕ ПОБЛИСКУ ДО ЕУ, КАЖА АМБАСАДОРКАТА КОБЛЕР НА ПОЧЕТОКОТ НА АВСТРИСКОТО ПРЕТСЕДАТЕЛСТВО СО УНИЈАТАКако приоритети на австриското претседателство со ЕУ, австриската амбасадорка во Македонија Коблер, ги наведе зголемување на безбедноста и борба против нелегалната миграција, просперитет со акцент на зголемена дигитализација, стабилност во соседството на ЕУ, подобрување на контрола на надворешните граници на Европската унија, и подобрување на европскиот систем за азил. (Фото: К. Попов)

    Јасната патека кон патот за Европската унија на вашата земја останува врвен приоритет на австриското претседателство со Унијата, рече австриската амбасадорка во Македонија Ренате Коблер, презентирајќи ја програмата за работа на австриското претседателство со ЕУ во Собранието.

    Програмата на шест месечното управување со ЕУ на Австрија е под мотото „Европа која штити“.

    „Постигнавте напредок од историски размери. Направивте договорот со Бугарија за добрососедство и договорот со Грција за името. Никогаш не сте биле поблиску од ЕУ отколку што сте сега. И вие и ние имаме многу работа, ајде заедно да работиме“, рече австриската амбасадорка Коблер, пред пратениците и дипломатскиот кор во собраниската Комисија за европски прашања.

    Како приоритети на австриското претседателство со ЕУ, Коблер ги наведе зголемување на безбедноста и борба против нелегалната миграција, просперитет со акцент на зголемена дигитализација, стабилност во соседството на ЕУ, подобрување на контрола на надворешните граници на Европската унија, и подобрување на европскиот систем за азил.

    Австрија претседателството со ЕУ го презема од Бугарија.

    Г. ТРПЕНОСКИ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира