ДЕВОЈЧЕ СЕ УДАВИЛО ВО ОГРОМЕН ИСКОП ПОЛН СО ВОДА ВО СКОПСКИ ИЛИНДЕН

    ДЕВОЈЧЕ СЕ УДАВИЛО ВО ОГРОМЕН ИСКОП ПОЛН СО ВОДА ВО СКОПСКИ ИЛИНДЕНУвидот не е завршен, МВР сè уште не ги соопштува официјално ни причините за смртта.

    Во скопската населба Илинден денеска во 14.30 часот извадено е удавено девојче од огромна дупка полна со вода. Бидејќи увидот не е завршен, МВР сè уште нема информации за возраста на удавеното девојче, а не ги соопштува официјално ни причините за смртта.

    „Нема комплетна информација за тоа кој ја ископал големата дупка која се наполнила со вода и ја оставил незаградена. Првичните информации се дека на местото требало да се гради зграда. Не можеме да тврдиме сè уште како девојчето се нашло таму и се удавило. Се разговара и со нејзините родители“, велат од МВР, од каде најавуваат официјална информација по завршување на постапката на терен.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира