ВИЕ СТЕ ПРВА ГЕНЕРАЦИЈА КОИ ЌЕ СЛУЖАТ ВО НАТО, РЕКОА ЗАЕВ И ШЕКЕРИНСКА НА ПРОМОЦИЈАТА НА НОВИ ПРОФЕСИОНАЛНИ ВОЈНИЦИ

    ВИЕ СТЕ ПРВА ГЕНЕРАЦИЈА КОИ ЌЕ СЛУЖАТ ВО НАТО, РЕКОА ЗАЕВ И ШЕКЕРИНСКА НА ПРОМОЦИЈАТА НА НОВИ ПРОФЕСИОНАЛНИ ВОЈНИЦИМинистерството за одбрана подели договори за работа на 125 професионални војници. Владата планира годинава да вработи вкупно 375 професионални војници. (Фото:К. Попов)

    По добивањето на поканата за НАТО идната недела настапува ерата на стабилност, изјави министерката за одбрана Радмила Шекеринска, на доделувањето на договори за работа на 125 професионални војници во министерството за одбрана.

    „Нестабилноста е веќе зад нас. Вие ќе бидете првата генерација професионални војници кои целата своја кариера ќе ја градите во НАТО“, рече Шекеринска.

    Премиерот Зоран Заев рече дека владата ќе продолжи со унапредување на стандардот на Армијата, покрај зголемувањето на платите од 10 отсто, ќе донеле и други мерки со кои ќе го врателе достоинствотo на војската.

    На потпишувањето на договорите за работа на професионалните војници, покрај премиерот Заев и министерката за одбрана Шекеринска, присуствуваше и началникот на Генералштабот на АРМ Методија Величковски.

    Г. ТРПЕНОСКИ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира