ЕВРОПСКИОТ ПАРЛАМЕНТ ГО ОТФРЛИ НОВИОТ ЗАКОН ЗА АВТОРСКИ ПРАВА СО КОЈ АВТОРИТЕ БАРАА ЗАШТИТА ОД ГУГЛ И ФЕЈСБУК

    ЕВРОПСКИОТ ПАРЛАМЕНТ ГО ОТФРЛИ НОВИОТ ЗАКОН ЗА АВТОРСКИ ПРАВА СО КОЈ АВТОРИТЕ БАРАА ЗАШТИТА ОД ГУГЛ И ФЕЈСБУКПредложените промени предвидуваа поголема контрола врз интернет страниците и ќе ги принудеше платформите да плаќаат за користените содржини

    Европскиот парламент гласаше против контроверзната промена на законот за авторски права, што изминатиов период предизвика остра дебата помеѓу интернет гигантите од една и медиумите, издавачките куќи и уметниците од друга страна.

    Предложените промени предвидуваа поголема контрола врз интернет страниците и ќе ги принудеше платформите да плаќаат за користените содржини.

    Голем број музички ѕвезди ги поддржаа промените, додека противниците сметаа дека тоа ќе ги ограничи слободата и креативноста на интернетот.

    Ова беше обид на Европската Унија да ги модернизира и доближи законите за авторски права кон дигиталната ера, но предлогот беше одбиен со 318-278 во гласови.

    Две члена од новиот закон беа особено спорни. Членот 11 требаше да ги заштити весниците и другите медиуми од интернет гигантите како Гугл и Фејсбук да не ги користат нивните материјали без надомест.

    Членот 13 требаше да ги принуди сајтовите повеќе да ги почитуваат авторските права, при што секоја онлајн платформа која им овозможува на корисниците да објавуваат текст, звук, слики или кодови, што се однесува и на содржини како мемиња, би требала претходно да добие дозвола за тоа од оригиналниот извор.

    Гугл, Фејсбук и Јутјуб на тој начин се спасија од плаќање енормни отштети, кои се проценуваа на милијарди евра.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира