САЛАТА „ГЕМИЏИИ“ ВО ВЕЛЕС НЕМА УСЛОВИ ЗА МЕЃУНАРОДНИ НАТПРЕВАРИ

    САЛАТА „ГЕМИЏИИ“ ВО ВЕЛЕС НЕМА УСЛОВИ ЗА МЕЃУНАРОДНИ НАТПРЕВАРИНедостатоците кои биле утврдени и пред неколку години во меѓувреме не се решени

    Салата „Гемиџии“ во Велес и натаму не може да се користи за меѓународни натпревари во екипните спортови.

    Неодамна ја посетил комесарот за натпревари на Ракометната федерација на Македонија, со цел да види во каква состојба се објектот и теренот и дали може Велес да биде домаќин на меѓународни натпревари. Списокот за домашно кој беше доставен и пред неколку години е идентичен со овој сега и во меѓувреме ништо не е решено од тоа што треба да се исполни како услов.

    „Во однос на теренот, побарано е да се отстранат подвижните трибини и зад голот да биде празен простор. Треба да се сруши и забецот по должината на теренот, кој е 20 сантиметри од првиот ред и виси на теренот. Потребно е и осветлување од 1,2 илјади лукса со ЛЕД-светилки. Исто така, треба да се уредат сите четири соблекувални, прес салата, просторија за антидопинг контрола и просторија за официјалните лица“, рече Златко Гуцев, директор на ЈП „Парк спорт“.

    Ако велешани сакаат да гледаат меѓународни ракомет, кошарка, одбојка и футсал, потребно е да се решат овие недостатоци. Тие придонесоа првакот на Македонија во футсал, КМФ Велес, да биде домаќин на предквалификациите за Лигата на шампионите во Скопје.

    П. ПЕЧКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира