ОБВИНИТЕЛСТВОТО ЗА ОРГАНИЗИРАН КРИМИНАЛ ОФОРМИ ПРЕДМЕТ ЗА ДЕЛЕЊЕТО ГРАНТОВИ ЗА ИНОВАЦИИ И ТЕХНОЛОШКИ РАЗВОЈ

    ОБВИНИТЕЛСТВОТО ЗА ОРГАНИЗИРАН КРИМИНАЛ ОФОРМИ ПРЕДМЕТ ЗА ДЕЛЕЊЕТО ГРАНТОВИ ЗА ИНОВАЦИИ И ТЕХНОЛОШКИ РАЗВОЈПремиерот Зоран Заев и вицепремиерот Кочо Анѓушев на свеченоста на доделување грантови на микро, мали и средни претпријатија од Фондот за иновации и технолошки развој на 13 јули. (Фото: Влада)

    Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција по допрен глас оформи предмет за евентуалните злоупотреби при доделувањето грантови од страна на Фондот за иновации и технолошки развој, соопшти Јавното обвинителството.

    „По објавите во медиумите за евентуални злоупотреби при доделување на грантови по Јавен повик од Фондот за иновации и технолошки развој, ја известуваме јавноста дека Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција оформи предмет по допрен глас. Обвинителството презема дејствија за утврдување на факти во предметот, а во врска со евентуални сторени кривични дела во постапката по јавен повик за финансирање проекти во рамки на третиот столб од Планот за економски раст – прв инвестициски бран“, се вели во соопштението.

    Вчера, вицепремиерот Кочо Анѓушев побара од косопствениците на неговите фирми да не го примат грантот од Фондот за иновации и технолошки развој и да ги повлечат апликациите. Истото го направи и пратеникот на СДСМ Хари Локвенец.

    Од Фондот за иновации и технолошки развој 160.000 евра доби „Каст инвест“, компанија во која Анѓушев е косопственик. Грант од 162.000 евра доби и прилепската печатница „Гинис“ чиј косопственик е Локвенец.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира