ГОЛЕМИ ПОЖАРИ БЛИЗУ АТИНА, НАЈМАЛКУ ДВАЈЦА МРТВИ

    ГОЛЕМИ ПОЖАРИ БЛИЗУ АТИНА, НАЈМАЛКУ ДВАЈЦА МРТВИГрчките пожарникари симултано гаснат три пожари во крајбрежниот регион во близина на Атина. (Фото: Катимерини)

    Пожарникарите во понеделник вечер продолжија со напорите да ги локализираат трите пожари близу Атина, но силните ветрови и распространетоста на пожарите на три различни места им создаваат проблеми. Грчкиот премиер Алексис Ципрас ја прекина посетата на Мостар и се врати во Атина, а регионалните власти прогласија вонредна состојба.

    Повеќе од 20 граѓани се хоспитализирани со изгореници, а за двајца е потврдено дека починале, иако има извештаи за повеќе мртви. Очевидец за агенцијата „Ројтерс“ кажа дека видел четири тела на улиците на Мати, гратче на исток од Атина.

    Три села беа евакуирани попладнето, како и неколку детски кампови, а крајбрежната стража е во потрага по брод со странски туристи, кои побегнале откако избувнал пожарот во Мати.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира