СДСМ И ВМРО-ДПМНЕ СЕ ДОГОВОРИЈА, СЕДНИЦА ПОПЛАДНЕ

    СДСМ И ВМРО-ДПМНЕ СЕ ДОГОВОРИЈА, СЕДНИЦА ПОПЛАДНЕНа дневен ред на попладневната седница ќе бидат законите што ги договорија СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, изборот на Државната изборна комисија и законите за финансирање на партиите и за Влада. - Претседателот на Собранието Талат Џафери (Фото: СДК.МК)

    Собранието денес во 18 часот ќе одржи седница која ќе бидат на дневен ред ќе бидат ставени изборот на Државната изборна комисија (ДИК), и законите за финансирање на партиите и за Влада, со кои пред секои избори ќе се формира техничка влада според договорот од Пржино. Седницата ќе ја води претседателот на Собранието Талат Џафери.

    Фаворити за членови на ДИК од ВМРО-ДПМНЕ се експратеникот Оливер Дерковски, кој треба да биде претседател на Комисијата, а за член Елизабета Постоловска.

    Од СДСМ се Борис Кондарко, поранешен претседател на ДИК, Јанаке Витановски и Радица Ристевска.

    ДУИ ја предлага Дитмире Шеху, а тетовското крило на Движењето Беса, Енвер Салиу.

    За сабота е најавено Собранието да одржи седница за распишување референдум. За ова прашање засега нема договор меѓу власта и опозицијата.

    Г. ТРПЕНОСКИ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира