ЕКВАДОРСКИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ ДЕМАНТИРА ДЕКА НАРЕДИЛ АСАНЖ ДА БИДЕ ИСФРЛЕН ОД АМБАСАДАТА ВО ЛОНДОН

    ЕКВАДОРСКИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ ДЕМАНТИРА ДЕКА НАРЕДИЛ АСАНЖ ДА БИДЕ ИСФРЛЕН ОД АМБАСАДАТА ВО ЛОНДОНЕквадорскиот претседател Ленин Морено, кој дојде на власт минатата година, потврди дека имало преговори со Британија месецов и го нарече Асанж наследен проблем. (Фото: ДПА)

    Еквадор ги демантираше извештаите дека претседателот Ленин Морено наредил Џулијан Асанж да биде исфрлен од еквадорската амбасада во Лондон, каде што основачот на „Викиликс“ доби азил пред шест години.

    „Претседателот на републиката Ленин Морено во ниту еден момент не наредил заминување на Џулијан Асанж од еквадорската амбасада во Лондон“, соопшти владината прес-служба.

    Ваквото соопштение доаѓа откако Морено наводно им кажал на новинарите во Мадрид дека Еквадор бара гаранции дека Асанж нема да добие смртна казна, според „Си-Ен-Ен“. Морено, кој дојде на власт минатата година, потврди дека имало преговори со Британија месецов и го нарече Асанж наследен проблем.

    Австралиецот престојува во еквадорската амбасада во Лондон од 2012 година, откако ги прекрши правилата за кауција во врска со обвинувањата за сексуален напад во Шведска. Тој не може да биде уапсен во амбaсадата.

    Шведска оттогаш се откажа од обвинението против него, но според Асанж, тој може да бидe екстрадиран во САД во врска со неговите активности за „Викиликс“ ако ја напушти амбасадата.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира