НА 31 АВГУСТ, КОГА ЌЕ СЛАВИ РОДЕНДЕН ЌЕ СЕ ЗНАЕ ДАЛИ ГРУЕВСКИ ЌЕ ОДИ В ЗАТВОР, АПЕЛАЦИЈА ОДЛУЧУВА ЗА ПРЕСУДАТА ЗА МЕРЦЕДЕСОТ ОД 600 ИЛЈАДИ ЕВРА

    НА 31 АВГУСТ, КОГА ЌЕ СЛАВИ РОДЕНДЕН ЌЕ СЕ ЗНАЕ ДАЛИ ГРУЕВСКИ ЌЕ ОДИ В ЗАТВОР, АПЕЛАЦИЈА ОДЛУЧУВА ЗА ПРЕСУДАТА ЗА МЕРЦЕДЕСОТ ОД 600 ИЛЈАДИ ЕВРАПоранешниот премиер Никола Груевски на 23 мај годинава е неправосилно осуден на две години затвор за влијание МВР да купи блиндиран луксузен мерцедес од 600 илјади евра од пари на полицијата, по негова лична желба (Фото:СДК.МК)

    Апелациониот суд на 30 и 31 август ќе расправа за жалбата на поранешниот премиер Никола Груевски за казната затвор од две години за случајот „Тенк“, за набавка на блиндиран луксузен мерцедес од 600 илјади евра.

    Груевски на 23 мај годинава е неправосилно осуден на две години затвор за влијание МВР да купи блиндиран луксузен мерцедес од 600 илјади евра од пари на полицијата, по негова лична желба.

    Судијката Добрила Кацарска од Основниот суд Скопје 1 во истиот предмет „Тенк“ го прогласи за виновен и обвинетиот поранешен помошник-министер за јавни набавки во МВР Ѓоко Поповски и го осуди на казна затвор од 6 години и 6 месеци.

    Груевски е роден на 31 август 1970 година во Скопје.

    Во истиот случај Специјалното јавно обвинителство (СЈО) ја обвини и поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска. Судењето за неа ќе се води во посебна постапка поради тоа што додека траеја рочиштата таа беше во поодмината бременост.

    Г.ТРПЕНОСКИ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира