ФУДБАЛЕРОТ НА АЈАКС АБДЕЛХАК НУРИ СЕ РАЗБУДИ ОД КОМА ЕДНА ГОДИНА ОТКАКО ДОЖИВЕА СРЦЕВ УДАР НА ТЕРЕН

    ФУДБАЛЕРОТ НА АЈАКС АБДЕЛХАК НУРИ СЕ РАЗБУДИ ОД КОМА ЕДНА ГОДИНА ОТКАКО ДОЖИВЕА СРЦЕВ УДАР НА ТЕРЕНСостојбата на Абделхак Нури останува многу тешка бидејќи сè уште не може да го мрда телото (Фото: Гети)

    Младиот фудбалер на Ајакс, Абделхак Нури, се разбуди од кома и е способен да комуницира со семејството за првпат откако колабираше на теренот пред точно една година.

    Неговиот брат потврди дека состојбата на Абделхак е подобрена, но сè уште не може да го мрда телото.

    „Неговата невролошка состојба е многу подобра отколку пред неколку месеци. Физички, сè уште е тешка. Тој не може да го мрда телото, само главата. Но, можете да комуницирате со него. Тој стана многу посмирен и почна да нè препознава. Затоа ни дозволуваат да има некој познат со него во соба 24 часа. Тоа му помага“, изјави Абдерахим Нури.

    Нури претрпи срцев удар на подготвителниот натпревар со Вердер во јули минатата година, што резултираше со оштетувања на мозокот. Оттогаш, го преместуваа од болница во болница, пред да биде сместен во посебна институција за нега. Тој сега комуницира со отворање уста или со кревање веѓа.

    Сега 21-годишниот Нури одигра 15 мечеви за Ајакс во сезоната 2016/17 и клубот го задржа неговото име во екипата и за претходната сезона, иако беше јасно дека неговата кариера е завршена.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира