КРОКОДИЛОТ НЕ МОЖЕ ДА ИЗЛЕЗЕ ОД ЗООЛОШКАТА ИАКО СИНОЌА ПРЕСПАЛ КАЈ ПАТКИТЕ, ВЕЛИ ДИРЕКТОРОТ ГАЛЕТАНОВСКИ

    КРОКОДИЛОТ НЕ МОЖЕ ДА ИЗЛЕЗЕ ОД ЗООЛОШКАТА ИАКО СИНОЌА ПРЕСПАЛ КАЈ ПАТКИТЕ, ВЕЛИ ДИРЕКТОРОТ ГАЛЕТАНОВСКИКрокодилите не можат да излезат додека има посетители оти тие немаат пристап, односно езерото е длабоко и е во внатрешноста на живеалиштето. Исто така, преку ден постојано околу живеалиштата има Зоо негователи. Нема шанси да избега ниту од објектот на Зоолошката градина кој е соодветно заграден“, вели директорот Ѓорѓи Галетановски (Фото: СДК.МК)

    Нема опасност крокодилот да излезе од Зоолошката градина, ниту од своето живеалиште додека има посетители во неа, вели директорот Ѓорѓи Галетановски откако порталот Призма објави дека рептилот синоќа избегал од живеалиштето и влегол во езерото кај патките. Крокодилот Ганко бил најден во езерото со патките утрово, кога вработените  во скопската зоолошка дошле на работа, и потоа повторно бил вратен во своето живеалиште.

    Во Зоолошката градина има два крокодила,  мажјак Ганко и женка Тина (Фото: Инстаграм Зоолошка градина)

    „Крокодилите не можат да излезат додека има посетители оти тие немаат пристап, односно езерото е длабоко и е во внатрешноста на живеалиштето. Исто така, преку ден постојано околу живеалиштата има Зоо негуватели. Нема шанси да избега ниту од објектот на Зоолошката градина кој е соодветно заграден“, вели директорот Галетановски.

    По ноќната прошетка на крокодилот надлежните констатирале дека оградата е ниска и треба да се смени, но како што вели Галетановски, тоа ќе го направат на пролет бидејќи за кусо време овие животни ќе бидат преместени во нивните зимски живеалишта.

    Од Зоолошката градина велат дека ова не е прв пат крокодилот да го напушти живеалиштето, но никогаш немало никакви проблеми оти тоа се случувало ноќе, кога нема посетители.

    Во Зоолошката градина има два крокодила, мажјак Ганко и женка Тина.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира