КАЦАРСКА ПОВИКА ИТНА МЕДИЦИНСКА ПОМОШ ЗА ОБВИНЕТИОТ МУНИР ПЕПИЌ НА СУДЕЊЕТО ЗА 27 АПРИЛ

    КАЦАРСКА ПОВИКА ИТНА МЕДИЦИНСКА ПОМОШ ЗА ОБВИНЕТИОТ МУНИР ПЕПИЌ НА СУДЕЊЕТО ЗА 27 АПРИЛСудијката, откако си отиде итната медицинска помош, на присутните им рече дека обвинетиот Мунир Пепиќ, имал притисок 130 со 90 по што судењето продолжи. - Мунир Пепиќ (архивска фотографија)

    Судијката Добрила Кацарска нареди да дојде итна медицинска помош за обвинетиот Мунир Пепиќ, откако неговиот адвокат, Еленко Миланов, се пожали дека неговиот клиент не се чувствува добро на судењето за организираниот напд на Собранието на 27 април 2017. Судијката рече дека медицинскиот преглед на Пепиќ, на минатото рочиште, покажал дека е во добра состојба, освен што има покачен притисок.

    „Сè ви е добро. И срцето ви е добро“, му рече Кацарска на обвинетиот.

    Неговиот адвокат рече дека Пепиќ уште вчера не се чувствувал добро, на што судијката одговори дека требало да побара преглед кај интернист. Судијката даде 15 минути пауза за лекарите да го прегледаат обвинетиот во судот.

    Судијката, откако си отиде итната медицинска помош, на присутните им рече дека обвинетиот Мунир Пепиќ, имал притисок 130 со 90 по што судењето продолжи со распит на сведокот Агим Нухиу.

    Пепиќ е еден од 33-цата обвинети за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста за организираниот напад на Собранието.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира