ГЕРМАНСКИ ОСИГУРИТЕЛНИ АГЕНТИ ЌЕ ДАВААТ СОВЕТИ ЗА ПЕНЗИСКОТО ПРАВО ВО МАКЕДОНИЈА И ГЕРМАНИЈА

    ГЕРМАНСКИ ОСИГУРИТЕЛНИ АГЕНТИ ЌЕ ДАВААТ СОВЕТИ ЗА ПЕНЗИСКОТО ПРАВО ВО МАКЕДОНИЈА И ГЕРМАНИЈАНа разговорите ќе учествуваат претставници од три институции: Германско пензиско осигурување Баерни Сид, Сојузно германско пензиско осигурување и од Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на Македонија (Фото: Архива на СДК.МК)

    Германското пензиско осигурување организира советодавни денови во Македонија, каде преку лични разговори ќе може да се добијат сите информации во врска со германското и македонско пензиско право.

    Од Амбасадата на Германија во Македонија велат дека разговорите ќе се вршат на 16 октомври во Охрид, од 10 до 16 часот во Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, а на 17 октомрви во Битола, од 10 до 16 часот во канцеларијата на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување.

    На разговорите ќе учествуваат претставници од три институции: Германско пензиско осигурување Баерни Сид, Сојузно германско пензиско осигурување и од Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на Македонија (ФПИОМ).

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира