Вилијам Нордхаус и Пол Ромер ја добија Нобеловата награда за економија за 2018 година, за нивното истражување за климатските промени и за иновациите.
Нордхаус, кој работи на Универзитетот Јеил, е познат по неговата работа за штетите кои ги предизвикуваат климатските помени, а Ромер кој доаѓа од Бизнис школата Стерн од Њујорк, е познат по истражувањето како економистите може да придонесат за здрава стапка на екомомскиот раст.
Моделите кои ги создадоа Норхаус и Ромер помогнаа во развојот на економскиот раст, борејќи се со климатските промени.
Според Шведската академија, тие ја однесоа макроекономијата на глобално ниво, за да се справат со некои од најголемите проблеми во светот.