КИРЕ КАДЕ СИ, НА КИНЕЗИВЕ ОЧИТЕ ПОЧНАА ДА ИМ СЕ ОТВАРААТ ОД ЧЕКАЊЕ, СЕ ДОПИШУВАЛ ЈАНАКИЕСКИ СО ГЕНЕРАЛНИОТ СЕКРЕТАР НА ВЛАДАТА ЗА КИНЕСКИТЕ АВТОПАТИ

    КИРЕ КАДЕ СИ, НА КИНЕЗИВЕ ОЧИТЕ ПОЧНАА ДА ИМ СЕ ОТВАРААТ ОД ЧЕКАЊЕ, СЕ ДОПИШУВАЛ ЈАНАКИЕСКИ СО ГЕНЕРАЛНИОТ СЕКРЕТАР НА ВЛАДАТА ЗА КИНЕСКИТЕ АВТОПАТИСМС пораки ќе се читаат и на продолжението на судењето за „Траекторија“ на 26 октомври. - Миле Јанакиески; Кирил Божиновски (Фото: СДК.МК)

    По СМС пораките за незаконскиот тендер за изградбата на кинеските автопати во предметот на СЈО „Траекторија“ меѓу обвинетиот Миле Јанакиески и поранешниот министер за финансии Зоран Ставрески, во Кривичниот суд се читаше блок пораки меѓу Јанакиески и поранешниот генерален секретар на Владата Кирил Божиновски.

    „Владо, кога ќе се гледаме со жутите да ги спуштаме? Каков е планот? Денес и утре ги имаме, после си одат дома за Кинеска нова година“, си препраќа обвинетиот Миле Јанакиески порака со генералниот секретар на владата Кирил Божиновски.

    „А преговорите ги почнавте?“, прашува Кирил.

    „Те чекаме, не без тебе. Дојди кај Владо, шефот бара став од нас“, враќа СМС порака Миле.

    „Хрватицава ја имаат викнато да преведува додека си збориме меѓу себе. Да внимаваме“, се допишуваат Божиновски и Јанакиески.

    „Кире, дојдоа Кинезиве, што да правиме? На Кинезиве почнаа очите да им се отвараат од чекање“, му пишува Миле на генералниот секретар Кире.

    Натаму додава: „Прими го, судија од Апелација е, бројот му е 070 520 ***, за да ти го предаде лично списокот на гласачи“, бидејќи во тој период, март 2013 година, наближуваат локалните избори.

    Во „Траекторија“, Јанакиески, Владимир Пешевски и поранешниот директор на Државни патишта Љупчо Георгиевски се обвинети за Злоупотреба на службената положба и овластувања, а Никола Груевски е обвинет за Примање награда за противзаконито влијание.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира