ЕМИЛИЈА НАЦЕВСКА И АНА МИТРЕСКА ИМЕНУВАНИ ЗА ВИЦЕГУВЕРНЕРКИ НА НАРОДНА БАНКА

    ЕМИЛИЈА НАЦЕВСКА И АНА МИТРЕСКА ИМЕНУВАНИ ЗА ВИЦЕГУВЕРНЕРКИ НА НАРОДНА БАНКАНовите вицегувернерки на НБРМ пред стапување на функцијата дадоа свечена изјава пред Претседателот на Собранието на Република Македонија Талат Џафери. (Фото: НБРМ)

    Емилија Нацевска и Ана Митреска се новите вицегувернерки на Народна банка на Република Македонија. Тие на функцијата беа именувани од Собранието на Република Македонија на шеесетата 60. седница, која се одржа на 18 октомври, на предлог од гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска по претходно спроведен оглас. Пред стапувањето на функцијата тие дадоа свечена изјава пред претседателот на Собранието Талат Џафери.

    „Собранието на Република Македонија без ниту еден глас против, и без ниту еден воздржан, застана зад определбата високиот професионализам да биде основниот двигател при раководењето, носењето на одлуките и севкупното работење на централната банка. Само таквата, препознаена определба го гарантира континуитетот на успешното водење на монетарната политика и развојот на севкупното централнобанкарско работење во нашата држава“, велат од НБРМ.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира