ТОА ШТО НЕ СЕ СРЕТНАВ СО МИЦКОСКИ НЕ ЗНАЧИ ДЕКА Е НЕКАКВА ПОРАКА, РЕЧЕ ПАЛМЕР

    ТОА ШТО НЕ СЕ СРЕТНАВ СО МИЦКОСКИ НЕ ЗНАЧИ ДЕКА Е НЕКАКВА ПОРАКА, РЕЧЕ ПАЛМЕР„Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски испрати писмо до Вес Мичел, кое јас внимателно го прочитав“, кажа Метју Палмер на заедничката прес-конференција со премиерот Зоран Заев. (Фото: К. Попов)

    Одлуката на 80 пратеници во Собранието кои гласаа за Договорот од Преспа има историско значење и го отвораат патот на европската иднина за Македонија и за македонскиот народ, рече заменик-помошникот државен секретар за европски прашања на САД Метју Палмер, на заедничката прес-конференција со премиерот Зоран Заев.

    „На средбата со премиерот Зоран Заев разговаравме за Преспанскиот договор, за неговата имплементација, за процесот на интеграција на земјата во НАТО и ЕУ, како и за можностите за јакнење на соработката меѓу Македонија и САД. Македонија, македонскиот народ и македонските лидери може да сметаат на поддршката на САД“, рече Палмер.

    На прашањето зошто не се сретнал со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, Палмер рече дека при секоја посета треба да се направи распоред на времето како најдобро да се искористи.

    „Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски испрати писмо до Вес Мичел, кое јас внимателно го прочитав. Тоа што не се сретнав со него не значи дека е некаква порака“, рече Палмер.

    Палмер не се сретна ни со претседателот Ѓорге Иванов, а имаше средби со лидерот на ДПА Мендух Тачи, на ДУИ Али Ахмети, и со лидерите на двете крила на Движењето Беса Биљал Касами и Африм Гаши.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира