БРИФИНГ ЗА МАКЕДОНИЈА И ВО БЕЛАТА КУЌА

a:1:{s:9:"td_source";s:51:"Вашингтон,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    БРИФИНГ ЗА МАКЕДОНИЈА И ВО БЕЛАТА КУЌА

    Политичката криза во Македонија била тема на разговор на неформален брифинг, кој се одржал во петокот попладне, во Белата куќа во Вашингтон.

    Извори за САКАМДАКАЖАМ.МК велат дека се разговарало за сите актуелните проблеми со кои се соочува Македонија, за улогата на САД во нивното решавање, како и за односите меѓу двете држави.

    Истите извори велат дека поради затворениот карактер на брифингот,  коментарите за вклученоста на САД во решавање на кризата во Македонија, нема да се споделат во јавност.

    Брифингот го организирала Обединетата македонска дијаспора (ОМД), а на него присуствувале Ешер Маерсон од Канцеларијата за врски со јавноста на Белата куќа, Викториа Тејлор, директорка за Балканот од Советот за национална безбедност, Ана Макању, специјален советник за Европа и Евроазија на потпретседателот на САД, како и службеници на Стејт департмент задолжени за односите со Македонија.

    Пред состанокот во Белата куќа, за Македонија се расправало и на состанок во Конгресот, со претставници од Републиканскиот и Демократскиот национален комитет.

    Неформалните брифинзи биле организирани по повод Третата американско-македонска лидерска конференција на ОМД во Вашингтон.

    Обединетата македонска дијаспора на 26 април предложи серија мерки за излез од кризата, меѓу кои е и формирањето на експертска влада која би имала единствено технички карактер без право на одлучување и делување во однос на прашања од витален национален интерес, меѓу кои се и спорот со името и евро-атлантските интеграции.

    ОМД побара и поддршка за непречено деjствување на Специјалното јавно обвинителство, како и привремена суспензија на политички ангажман на лицата од власта и од опозицијата за кои има покренато обвиненија или се под истрага на СЈО.

    За одржување веродостојни избори, кои би се организирале најдоцна до април 2017 година ОМД предлага активна пререгистрација за избирачкиот список.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира