НИ САШО МИЈАЛКОВ НЕ ЗНАЕ КАДЕ Е БРАТУЧЕД МУ ГРУЕВСКИ

    НИ САШО МИЈАЛКОВ НЕ ЗНАЕ КАДЕ Е БРАТУЧЕД МУ ГРУЕВСКИ „Не знам кај е“, одговори ексдиректорот на УБК Сашо Мијалков на прашањето каде е исчезнатиот осуденик и негов братучед Никола Груевски, при доаѓањето на судското рочиште за „Титаник 2“ на СЈО (Фото: Ѓ. Личовски)

    Ексдиректорот на УБК Сашо Мијалков не знае каде  е неговиот прв братучед, исчезнатиот осуденик пратеникот и експремиер Никола Груевски, по кого полицијата трагаше цела ноќ зашто не е достапен да го прими упатниот налог за отслужување на двегодишната затворска казна во затворот Шутка.

    Мијалков, на доаѓање на денешното рочиште за „Титаник 2“, каде што е обвинет дека влијаел на Мендух Тачи да го притисне тогашниот член на ДИК Бедредин Ибраими да гласа  за да се прегласа регуларен прв круг на локалните избори во Струмица во 2013 година, на новинарско прашање дали знае каде е Груевски, кусо одговори: „Не знам кај е“.

    Покрај Мијалков, Тачи и Ибраими, во овој случај на СЈО обвинети се уште три члена на тогашната ДИК, од ВМРО-ДПМНЕ.

    С.К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира