„ОХРИДСКА БАНКА СОСИЕТЕ ЖЕНЕРАЛ“ ОРГАНИЗИРА ХАКАТОН ЗА КРЕИРАЊЕ МОБИЛНА БАНКА ОД ИДНИНАТА

    „ОХРИДСКА БАНКА СОСИЕТЕ ЖЕНЕРАЛ“ ОРГАНИЗИРА ХАКАТОН ЗА КРЕИРАЊЕ МОБИЛНА БАНКА ОД ИДНИНАТА

    „Охридска банка Сосиете женерал“, во соработка со „Солвео“, го организира првиот OBSG BUZZ хакатон, чија цел е креирање на мобилна банка од иднината.

    Целта на овој 54-часовен предизвик, кој ќе се одржи од 30 ноември до 2 декември на Факултетот за електротехника и информациски технологии во Скопје, е да се пронајдат и креираат нови начини на интеракција на банката со корисниците.

    Поделени во тимови од најмногу пет члена, формирани од „Солвео“, 50 млади и талентирани умови ќе имаат можност да работат на создавање иновативно и применливо решение, со кое ќе ја креираат мобилната банка од иднината. Победничкиот тим ќе однесе награда од 1.500 евра.

    Краен рок за пријавување е 25 ноември, а можат да се пријават сите кои имаат искуство во дизајн, маркетинг, програмирање, бизнис и финансии.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира