НАД 600 ИСЧЕЗНАТИ И 63 ЗАГИНАТИ ВО ПОЖАРИТЕ ВО КАЛИФОРНИЈА

    НАД 600 ИСЧЕЗНАТИ И 63 ЗАГИНАТИ ВО ПОЖАРИТЕ ВО КАЛИФОРНИЈАПовеќе од 9.400 пожарникари се вклучени во борбата со пожарите (Фото: АП)

    Бројот на исчезнати во катастрофалните пожари во Калифорнија се зголеми на повеќе од 600, додека во исто време се пронајдени седум нови тела, објавија локалните власти.

    Таканаречениот Логорски оган, кој важи за најсмртоносен и најуништувачки во историјата на Калифорнија, досега однесе 63 животи, при што се уништени 12.000 објекти. Претседателот Доналд Трамп најави дека утре ќе отпатува за Калифорнија за да се увери во обемот на штетата.

    Повеќе од 9.400 пожарникари се вклучени во борбата со пожарите, кои ги погодија и јужните и северните делови на државата. Тие избувнаа пред осум дена и потпомогнати од силни ветрови, им оставија на локалните жители малку време за евакуација.

    Официјалната бројка на исчезнати лица вчера беше зголемена од 300 на 631.

    „Сакам да разберете дека се носиме со неверојатен хаос“, изјави шерифот на Бат Каунти, Кори Хонеа.

    Противпожарната служба на Калифорнија објави дека досега се изгаснати 40% од „Логорски оган“, признавајќи дека нема да успеат целосно да го стават под контрола. Тој досега зафатил површина од 56.600 хектари, но во исто време се води борба со уште неколку други пожари.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира