СУДЕЊЕТО ЗА „ТВРДИНА-ТАРГЕТ“ ЗА МАСОВНОТО ПРИСЛУШУВАЊЕ ОДЛОЖЕНО ЗА 4 ДЕКЕМВРИ СО НАРЕДБА ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА МИЈАЛКОВ ОД ШУТКА

    СУДЕЊЕТО ЗА „ТВРДИНА-ТАРГЕТ“ ЗА МАСОВНОТО ПРИСЛУШУВАЊЕ ОДЛОЖЕНО ЗА 4 ДЕКЕМВРИ СО НАРЕДБА ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА МИЈАЛКОВ ОД ШУТКАСашо Мијалков вчерва беше уапсен во неговиот хотел „Мериот“ во центарот на Скопје, на барање на Специјалното јавно обвинителство поради опасност од бегство и однесен во затворот во Шутка. - Сашо Мијалков пред Основниот суд Скопје 1 (архивска фотографија)

    Судењето за предметот на СЈО „Тврдина-Таргет“ утринава беше одложено за 4 декември, кога со наредба на судот обвинетиот Сашо Мијалков треба да биде спроведен од притвор од затворот во Шутка. Поранешниот директор на УБК синоќа беше притворен и затворот „Скопје“ го известил Основниот суд Скопје 1 дека тој бил донесен во затворот во 19.55 часот.

    Поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески и бившиот генерален секретар на Владата Кирил Божиновски, кои беа притворени на 13 ноември вечерта, утредента на судењето на „Титаник“ за тешки изборни нерегуларности, исто така не беа спроведени и судењето се одложи.

    Сашо Мијалков вчерва беше уапсен во неговиот хотел „Мериот“ во центарот на Скопје, на барање на Специјалното јавно обвинителство поради опасност од бегство и однесен во затворот во Шутка. Мерката притвор од 30 дена му е одредена токму за „Тврдина-Таргет“, каде што тој е главен обвинет за нелегално прислушување на илјадници граѓани на Република Македонија

    Мијалков покрај во „Тврдина-Таргет“ е обвинет и во предметите на СЈО, „Трезор“, „Тортура“ и „Титаник 2“.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира