„ПЕЛАГОНИЈА“ ДВЕ ГОДИНИ СТОИ СОГОЛЕНА, ШИЛЕГОВ УШТЕ НЕМА ИДЕЈНО РЕШЕНИЕ ЗА ВРАЌАЊЕ НА АВТЕНТИЧНИОТ ИЗГЛЕД

    „ПЕЛАГОНИЈА“ ДВЕ ГОДИНИ СТОИ СОГОЛЕНА, ШИЛЕГОВ УШТЕ НЕМА ИДЕЈНО РЕШЕНИЕ ЗА ВРАЌАЊЕ НА АВТЕНТИЧНИОТ ИЗГЛЕДГрадоначалникот Петре Шилегов лани во ноември рече дека Градот ќе бара ново идејно решение за зградата, кое ќе го врати нејзиниот автентичен изглед и според него ќе се доврши фасадата на зградата, но таа уште стои соголена, се гледаат цигли и мермер. (Фото: СДК.МК)

    Фасадата на зградата на „Пелагонија“ во центарот на Скопје нема абер да почне да се гради.

    Откако градоначалникот Петре Шилегов веднаш по стапување на градоначалничката функција ги стопираше градежните работи за барокната фасада, на зградата нема никакви активности. Таа стои соголена, се гледаат цигли и мермер.

    Градоначалникот Шилегов лани во ноември рече дека Градот ќе бара ново идејно решение за зградата, кое ќе го врати нејзиниот автентичен изглед и според него ќе се доврши фасадата на зградата.

    Шилегов сега не прецизира кога ќе почне враќањето на автентичниот изглед, ниту зошто за една година од стопирање на градежните работи нема ниту идејно решение за фасадата зградата.

    „Постигнавме договорот со сопственикот на објектот тие да изработат идејно решение кое ќе го врати автентичниот изглед на ‘Пелагонија‘. Откако ќе ни го достават ние ќе продолжиме со градежни работи и ќе ја завршиме таа обврска. При крај е постапката за изработка на идејно решение“, вели Шилегов.

    Рефасадирањето на зградата на „Пелагонија“ почна во 2015 година кога ексградоначаникот Коце Трајановски склучи договор со конзорциумот „Билдинг солушн“ и „Масон инженеринг“ кои за доградба на зградата во делот околу влезот и за преслекување во барок од Град Скопје требаше да добијат 1,9 милиони евра. Тие требаше да ги завршат градежните работи во рок од една година. Но бидејќи тоа не го сторија Град Скопје во јуни 2017 година го раскина договорот и распиша нов тендер за избор на изведувач.

    Градоначалникот Петре Шилегов по доаѓањето на функцијата рече дека договорот за барокна фасада од 1,8 милиони евра кој го распиша неговиот претходник нема да го потпише тука „Пелагонија“ ќе го добие автентичниот изглед за многу помалку пари.

    А. АНТЕВСКА

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира