Доскорешната уставна судијка Наташа Габер-Дамјановска со 8 гласа „за“ и 1 „воздржан“ од вкупно девет члена на управниот одбор, денеска е избрана за нов директор на Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“.
Отпаднаа кандидатите Мирјана Лазарова – Трајковска, поранешната судијка во Судот во Стразбур и обвинителот од ОЈО Скопје Александар Марковски, кои не ги добија потребните гласови.
Републичката обвинителка Лиле Спасовска рече дека очекува непристрасно ефикасно и непречено извршување на функцијата директор на Академијата за судии и јавни обвинители.
Трите биографии беа подеднакво тешки и како што рекоа членовите, тоа било проблем за кого да го дадат својот глас.
С. К. ДЕЛЕВСКА