Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување – КАРИЛ доби нов апарат за видео лариноскопија и ендоскопија, со кој анестезиолозите ќе можат полесно да обезбедат дишен пат за пациентите кои се во ризик. Апаратот го набави Министерството за здравство за 70.000 евра.
Директорката на КАРИЛ Маја Мојсова вели дека досега овие зафати на клиниката се правеле механички со директна визуелизација, а дека отсега со апаратот кој има мала камера и екран анестезиологот и неговиот тим ќе имаат комплетен увид како се прави зафатот.
„Оваа платформа е многу важна за лекарите, но и за пациентите на кои треба да им се се поставуваат тубуси. Тоа е неопходно за сите пациенти врз кои се врши некој посериозен зафат“, вели д-р Мојсова.
Е. БОЧВАРОСКА