СРБИЈА СЕ ЗАКАНИ СО ВОЕНА ИНТЕРВЕНЦИЈА ОТКАКО КОСОВО ФОРМИРАШЕ СОПСТВЕНА ВОЈСКА

    СРБИЈА СЕ ЗАКАНИ СО ВОЕНА ИНТЕРВЕНЦИЈА ОТКАКО КОСОВО ФОРМИРАШЕ СОПСТВЕНА ВОЈСКАСите 107 присутни пратеници гласаа за новиот закон, со кој Косовските безбедносни сили се трансформираат во регуларна, лесно вооружена армија (Фото: АП)

    Србија ја разгледува можноста за воена интервенција на Косово откако парламентот во Приштина го одобри формирањето на сопствена војска, што Белград го нарече „најдиректна закана за мирот и стабилноста во регионот“.

    И додека шефот на НАТО го опиша потегот на Косово како лошо темпиран, САД го оправда како право на суверена држава.

    Сите 107 присутни пратеници гласаа за новиот закон, со кој постојните 4.000 припадници на Косовските безбедносни сили се трансформираат во регуларна, лесно вооружена армија. Пратениците од српското малцинство го бојкотираа гласањето.

    Србија тврди дека Косово на овој начин ја крши резолуцијата на Обединети нации, со која беше ставен крај на војната во 1999 година и предупреди дека би можела да одговори со воена интервенција.

    „Тоа е една од опциите што се разгледуваат“, изјави премиерката Ана Брнабиќ.

    Никола Селаковиќ, советник на претседателот Вучиќ, кажа дека Србија би можела да испрати војска или да го прогласи Косово за окупирана територија. Потегот на Косово го осуди и Русија.

    Новата војска ќе го задржи постојното име Косовски безбедносни сили, но со нов мандат. За една деценија, армијата планира да има состав од 5.000 припадници и 3.000 резервисти, како и годишен буџет од 98 милиони евра.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира