МЛАДЕН ЧАДИКОВСКИ Е НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ЗДРУЖЕНИЕТО НА НОВИНАРИТЕ НА МАКЕДОНИЈА

    МЛАДЕН ЧАДИКОВСКИ Е НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ЗДРУЖЕНИЕТО НА НОВИНАРИТЕ НА МАКЕДОНИЈАМладен Чадиковски, кој е главен и одговорен уредник на Телевизија 24, е избран на денешното редовно изборно собрание на ЗНМ во конкуренција со Стојанче Наумов од радиото Канал 77 (Фото: МИА)

    Младен Чадиковски е нов претседател на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Чадиковски, кој е главен и одговорен уредник на Телевизија 24, е избран на денешното редовно изборно собрание на ЗНМ во конкуренција со Стојанче Наумов од радиото Канал 77. На собранието од вкупно 555 членови присуствуваа 175, за Чадиковски гласаа 86, а за Наумов 77.

    Претседател на ЗНМ во два мандата досега беше Насер Селмани.

    „Нема компромис за слободата на говорот и за професионализација на медиумите. Во наредните 4 години ќе се залагаме да постигнеме многу повеќе од сега што е постигнато“, рече Чадиковски по изборот.

    На собрание беа избрани и новите членови на Управниот одбор, Надзорниот одбор и на Судот на честа.

    За членови на Надзорниот одбор избрани се Мери Јордановска, Адриан Керими, Наташа Стојановска, Семи Мехмети и Ирена Мулачка.

    Во Управниот одбор се Фиљана Кока, Фуркан Салију, Среќко Поповски, Аднан Ајдари, Сашка Цветковска, Мишко Иванов, Сашко Димевски, Бењамин Арифи, Слободанка Јовановска и Зоран Димитровски.

    Во Советот на честа се избрани Мира Костиќ, Јакупи Семра, Сенад Зилбеари, Зекири Арбен и Горан Лефков.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира