ТРОЈЦА УАПСЕНИ, ЕДЕН ВО БЕГСТВО ЗА ПУКАЊЕТО ВО ЕКОНОМСКИОТ ДИРЕКТОР НА ГИНЕКОЛОГИЈА ВАЛОН БЕЉА

    ТРОЈЦА УАПСЕНИ, ЕДЕН ВО БЕГСТВО ЗА ПУКАЊЕТО ВО ЕКОНОМСКИОТ ДИРЕКТОР НА ГИНЕКОЛОГИЈА ВАЛОН БЕЉА„Надлежен јавен обвинител до судија на претходна постапка достави и предлог за определување мерки на претпазливост за осомничените, односно забрана за напуштање на живеалиште, обврска да се јавуваат повремено на определено службено лице или кај надлежен државен орган, привремено одземање на патните исправи, како и забрана да му се приближуваат на оштетеното лице“, соопшти ОЈО. - Клиниката за гинекологија (Фото: СДК.МК)

    Основното јавно обвинителство отвори истрага за три лица кои пред два дена на паркингот позади маркет во Чаир пукаа во економскиот директор на Клиниката за гинекологија Ваљон Беља.

    ОЈО соопшти дека донело наредба за спроведување истражна постапка против три лица за кои постои основно сомнение дека сториле кривично дело Насилство според Кривичниот законик, односно дека извршиле грубо насилство со кое предизвикале тешка телесна повреда кај едно оштетено лице, а во јавноста предизвикале чувство на несигурност и страв.

    „Осомничените му се приближиле на оштетениот и го нападнале удирајќи го со тупаници по лицето и телото. Непознато машко лице, кое било заедно со нив, извадило огнено оружје и со него испукало два куршуми. Притоа го погодил оштетениот во десната потколеница и му нанел тешка телесна повреда“, соопшти ОЈО.

    Како што соопшти ОЈО тројца од осомничените се лишени од слобода и ќе бидат изведени пред судија на претходна постапка, а едно непознато лице кое учествувало во настанот е во бегство.

    „Надлежен јавен обвинител до судија на претходна постапка достави и предлог за определување мерки на претпазливост за осомничените, односно забрана за напуштање на живеалиште, обврска да се јавуваат повремено на определено службено лице или кај надлежен државен орган, привремено одземање на патните исправи, како и забрана да му се приближуваат на оштетеното лице“, соопшти ОЈО.

    Министерството за внатрешни работи пред два дена соопшти дека на улица Лазо Трповски околу 17.45 часот било пукано во В.Б.(40) од Скопје во пределот на десната потколеница и дека е пренесен во болницата „Св.Наум Охридски“, каде беше опериран и е надвор од животна опасност.

    „Во него пукало лице, кое било заедно со Е.Х., Е.А. и Р.Н. е работи на расчистување на случајот“, соопшти полицијата.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира