Куќа на улицата Јордан Мијалков во центарот на Скопје, близу трговскиот центар „Рамстор“, се запали околу пладне. Од куќата се шири црн чан, а како што велат граѓаните од околните згради и куќи, запалени се гуми и мотори, а има и најмалку двајца повредени, од кои едниот полесно, а другиот потешко повреден и уште не можат да го извлечат пожарникарите од објектот.
Командирот на Противпожарната бригада на Град Скопје Звонко Томески ни изјави дека во моментов осум противпожарни возила се движат кон местото на пожарот и има информација само дека е запалена куќа.
„Уште не знаеме што е причината и дали има повредени лица“, вели Томески.
А. АНТЕВСКА