Апелациониот суд Скопје претпладнево донел одлука од притвор од Шутка да бидат пуштени Миле Јанакиески и Кирил Божиновски, обвинети во судскиот процес за изборни нерегуларности „Титаник“, како и осомничените Ненад Јосифовиќ и Зорица Арсовска од истрагата на СЈО „Империја“.
На сите мерката им е преиначена во куќен притвор и плус одземање на патните исправи.
Од притворените во оваа истрага, нема одлуки сѐ уште за Тодор Мирчевски и за Сашо Мијалков.
Вчера од притвор беа пуштени Јордан Камчев и Цветан Панделески и тие се веќе дома.
За сите специјалната обвинителка Катица Јанева даде позитивно мислење да им се ублажи мерката и да го напуштат затворот во Шутка.