ОРГАНИЗАТОРИ НА 27 АПРИЛ СЕ И БИВШИ ФУНКЦИОНЕРИ КОИ ГИ ЗАТЕКНАЛ НИНЏА ВО ПАРАВОЕНИОТ ШТАБ ВО ВМРО-ДПМНЕ, МОЖНО Е ДА СВЕДОЧАТ И АМНЕСТИРАНИТЕ

    ОРГАНИЗАТОРИ НА 27 АПРИЛ СЕ И БИВШИ ФУНКЦИОНЕРИ КОИ ГИ ЗАТЕКНАЛ НИНЏА ВО ПАРАВОЕНИОТ ШТАБ ВО ВМРО-ДПМНЕ, МОЖНО Е ДА СВЕДОЧАТ И АМНЕСТИРАНИТЕНеофицијално, организаторите ќе се бараат меѓу лицата кои обвинетиот Александар Василевски – Нинџа ги затекнал на осмиот кат за време на нападот на Собранието по 18 часот тој ден. - Александар Василевски - Нинџа на судењето за организираниот напад во Собранието на 27 април лани (Фото: СДК.МК)

    Привршува предистрагата за организаторите на нападот на Собранието на 27 април 2017 година и Обвинителството за организиран криминал, според неофицијални информации, има собрано докази за група сторители под 10 луѓе, главно поранешни функционери.

    Официјално, само еден осомничен организатор е познат, а тоа е Владимир Атанасовски, поранешниот директор на УБК. Тој е осомничен за „здружување заради непријателска дејност“. Нему неколку часа пред Нова Година, му е продолжен притворот за нови 30 дена, вели портпаролот на Основниот суд Скопје 1 Дејан Ристовски.

    Шефицата на Обвинителството за организиран криминал Вилма Рускоска вели дека решение за истрага за организаторите на нападот на Собранието сè уште нема донесено, бидејќи таа ги подготвува завршните зборови за неамнестираните обвинети, а за кои судијата Добрила Кацарска закажа рочиште на 15 јануари.

    „Во врска со постапките за 27 април, обвинителството е насочено на завршните зборови“, ни рече таа.

    Неофицијално, организаторите ќе се бараат меѓу лицата кои обвинетиот Александар Василевски – Нинџа ги затекнал на осмиот кат за време на нападот на Собранието по 18 часот тој ден. Тој кога сведочеше, затекнатите лица ги нарекуваше команден или паравоен штаб, со оглед на наредбите што ги давале пред негови очи и уши.

    Но, нашите извори од Јавното обвинителство на Македонија велат дека според доказите што се собрани досега, нема да бидат осомничени по дифолт сите присутни во тој штаб, исто како што ќе има осомничени лица и кои не биле во тој момент присутни таму. Организаторите оставиле траги преку мобилните телефони, а кои неофицијално, ќе ги поткрепуваат сведоци со докази.

    На прашање на САКАМДАКАЖАМ.МК, соговорниците од Обвинителството велат дека не е забрането да сведочат и должни се пред законот да сведочат ако бидат повикани лицата кои добија амнестија за учество во нападот на Собранието.

    Обвинетиот Александар Василевски – Нинџа во целодневното сведочење рече дека од „Дион“, на повик отишол право во белата палата на ВМРО-ДПМНЕ. Кажа дека во паравоениот штаб на ВМРО-ДПМНЕ од каде што доаѓале наредбите се гледала сега веќе непостоечката „ТВ Нова“ и така биле креирани наредбите од таму.

    „На 27 април, во ресторанот ’Дион‘ дојдоа Никола Митревски – Кољо и други обвинети. Ми се јави директорот на УБК Владимир Атанасовски. Ми рече да ја следиме состојбата во Собрание, му кажал и на Јане Ченто. Во 17 часот дојде мојата сопруга. Тоа време имав контакт и со Сашо Мијалков. Ми рече, дојди во базата. Базата ни беше хотелот ’Мериот‘. Ме викнаа во штабот на ВМРО-ДПМНЕ. Влегов од под земја. По навика, мислев Сашо е таму. Немаше обезбедување. Стиснав на осми кат на лифтот, мислев таму е. На крајот на катот има сала. Кога влегов во салата, видов други луѓе. Сашо не беше таму. Пред мене беше парамилитарниот штаб на ВМРО-ДПМНЕ: Билјана Бришковска Бошковски, Спире Ристовски, Кире Божиновски, Миле Јанакиески, Чавков Митко“, рече тогаш Нинџа.

    Како се гледаше „ТВ Нова“ на телевизор, рече Нинџа, така се давале наредби: Билјана Бришкоска комуницирала со Трајко Вељаноски, Миле и Спире со Бетмен, Чавков комуницирал со Ивица Вучевски и Митко Пешов.

    „Билјана Бришкоска-Бошковски критикуваше дека пратениците не си ја завршиле работата. Немало тепачка, разочарана беше. Пратена беше насока до пратениците да ги отворат собраниските врати. Дојде директорот на УБК Владимир Атанасовски“, кажа тогаш Нинџа.

    Тој во организацијата ги посочи и избеганите Никола Бошкоски и Горан Грујевски, но и генералниот секретар на кабинетот на претседателот Ѓорге Иванов, Борис Јосифовски.

    Според обвинението, пред нападот Александар Василевски-Нинџа имал повик од Виена, каде што беше во друштво со поранешниот премиер Никола Груевски. По повикот од Виена, почнал во ресторанот „Дион“ да ги собира и организира т. н. Ќосиња, обвинети и притворени членови на патриотските здруженија. Тој им ги набавил и фантомките.

    По повикот, Благоја Василевски-Нинџа ги избришал пораките од брат му и регистерот на повици. Го ресетирал и уништил мобилниот и на СОЗР и го вратил онеспособен.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира