АКО НЕ ДОБИЈАМ ПАРИ ЗА ЅИДОТ, РЕЧИСИ СИГУРНО ЌЕ ПРОГЛАСАМ ВОНРЕДНА СОСТОЈБА, СЕ ЗАКАНИ ТРАМП

    АКО НЕ ДОБИЈАМ ПАРИ ЗА ЅИДОТ, РЕЧИСИ СИГУРНО ЌЕ ПРОГЛАСАМ ВОНРЕДНА СОСТОЈБА, СЕ ЗАКАНИ ТРАМПДоналд Трамп ја држи владата затворена веќе 20 дена, со што 800.000 федерални работници се без плата (Фото: АП)

    Доналд Трамп ги повтори заканите дека ќе прогласи вонредна состојба за да изгради ѕид долж мексиканската граница, поради што владата е делумно затворена веќе 20 дена, колку што 800.000 федерални работници се без плата. Ако блокадата продолжи до утре, тоа ќе биде најдолгото затворање во американската историја.

    Изградбата на ѕидот беше едно од главните предизборни ветувања на Трамп, што демократите го сметаат за неморално и непотребно трошење јавни пари. Трамп одбива да го потпише законот за финансирање на владата, додека не му се одобрат 5,7 милијарди долари за ѕидот.

    Тој ги повтори своите закани при посетата на гранична патролна станица во Мекален, во долината Рио Гранде во Тексас.

    „Ако Конгресот не го одобри финансирањето на ѕидот, веројатно, би рекол речиси сигурно, ќе прогласам вонредна состојба. Имам апсолутно право на тоа“, кажа Трамп.

    Трамп има право да почне ваков градежен проект во услови на војна или вонредна состојба, најчесто со преземање средства од министерството за одбрана.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира