ЕЛЕКТРИЧЕН ВЕЛОСИПЕД КОЈ ГО ПРОЧИСТУВА ВОЗДУХОТ МЕЃУ ПЕТТЕ ИНОВАТИВНИ ПРОЕКТИ ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА ЗАГАДЕНОСТА

    ЕЛЕКТРИЧЕН ВЕЛОСИПЕД КОЈ ГО ПРОЧИСТУВА ВОЗДУХОТ МЕЃУ ПЕТТЕ ИНОВАТИВНИ ПРОЕКТИ ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА ЗАГАДЕНОСТАЕлектричниот велосипед со вградени проактивни филтри може да придонесе во намалување на загадувањето, велат од тимот Гет велосипед на компанијата „Минито“, еден од петте награден ина повикот „О2 Предизвик“ на Фондот за иновации (Фото: СДК.МК)

    Електричен велосипед кој има филтри за прочистување на воздухот поставени на тркалата, соларен колектор за затоплување, фабрички филтри, течност од еколошки полимери која има способност да ги апсорбира штетните ПМ 2,5 и ПМ 10 честички како и софтверско решение за замена на грејни тела се петте иновативни проекти прифатени на јавниот повик за финасирање проекти за намалување на загаденоста на воздухот „О2 Предизвик “ кој беше распишан есеноска. Овие прифатени проекти беа промовирани од Фондот за иновации и технолошки развој во Научно-технолошкиот парк при Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово.

    „Транспортот е еден од најголемите загадувачи на воздухот и затоа нашиот електричен велосипед со вградени проактивни филтри може да придонесе во намалување на загадувањето. Важно е и да се знае дека единствен начин за решавање на проблемот е одржлив развој, односно промена на навиките и не само како индивидуи туку како општество“, рече Филип Поповски од тимот Гет велосипед на компанијата „Минито“.

    Директорот на Фондот за иновации и развој Јован Деспотовски рече дека за целосно и конечно решение на проблемот со загадувањето потребно е вклучување не само на сите институции туку и на останатите чинители во општеството, вклучително и на поединците.

    „Наша цел како Фонд заедно со надлежното Министерство е да дадеме придонес во решавањето на овој проблем што нѐ мачи сите, бидејќи податоците покажуваат дека и денеска воздухот во Тетово повторно е загаден што беше карактеристика изминатите денови и во други градови. За овој повик ние одвоивме буџетски средства од околу 8 милиони денари“, рече Деспотовски.

    Но, за сите овие прифатени проекти да бидат ставени во масовна употреба во урбаните средини ќе биде потребна поддршка од Фондот за иновации, од Министерството за животна средина, а интерес покрај бизнис секторот, би требало да пројават и општините, посебно оние кај кои загадувањето на воздухот е енормно високо.

    З. АНДОНОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира