ТРИ ГОСТИВАРСКИ АВТОБУСИ ВОЗЕЛЕ ПАТНИЦИ СО НЕИСПРАВНИ КОЧНИЦИ

    ТРИ ГОСТИВАРСКИ АВТОБУСИ ВОЗЕЛЕ ПАТНИЦИ СО НЕИСПРАВНИ КОЧНИЦИПри вчерашната акција на полицијата, било утврдено дека кај 3 возила била констатирана техничка неисправност на уредите за сопирање, додека еден минибус го управувало лице без положен возачки испит. (архивска фотографија)

    Секторот за внатрешни работи Тетово продолжува да спроведува засилени сообраќајно-контролни активности на возилата кои вршат јавен превоз на патници на гостиварското подрачје.

    Во вчерашната таква акција, спроведена од 7 часот и 30 минути до 15 часот и 30 минути, биле контролирани 12 возила кои вршеле јавен транспорт, автобуси и минибуси. При контролата било утврдено дека кај 3 возила била констатирана техничка неисправност на уредите за сопирање, додека еден минибус го управувало лице без положен возачки испит.

    „Трите неисправни возила веднаш се исклучени од сообраќај и на возачите и правните лица им се изготвени законски предвидените поднесоци“, соопштува портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски.

    Вчера на гостиварското подрачје биле откриени и 11 пречекорувања на дозволената брзина.

    Полицијата сообраќајни контроли извршила и во тетовскиот регион. Тука полицијата изрекла 16 прекршочни, 30 мандатни платни налози и 14 писмени опомени. Казните биле изречени за пребрзо возење, управување без возачка дозвола, непрописно паркирање, истечена регистрација и други прекршоци.

    З. АНДОНОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира