НАЈМАЛКУ 78 ЗАГИНАТИ, ИСТОРИСКИОТ ДЕЛ НА ГЛАВНИОТ ГРАД НА БАНГЛАДЕШ УНИШТЕН ВО ПОЖАР

    НАЈМАЛКУ 78 ЗАГИНАТИ, ИСТОРИСКИОТ ДЕЛ НА ГЛАВНИОТ ГРАД НА БАНГЛАДЕШ УНИШТЕН ВО ПОЖАРНеколку века старата област Чавкбазар се карактеризира со тесни улички, во кои зградите се наоѓаат многу блиску една до друга (Фото: АП)

    Најмалку 78 луѓе загинале во катастрофалниот пожар што со голема брзина се прошири низ историскиот дел на Дака, главниот град на Бангладеш.

    Пожарот од засега непознати причини избувнал во еден станбен објект, каде што на првиот кат имало складирано запаливи материјали. Меѓу жртвите се и гостите на една моминска забава.

    Неколку века старата област Чавкбазар се карактеризира со тесни улички, во коишто зградите се наоѓаат многу блиску една до друга.

    „Слушнав голема експлозија. Се свртев и видов како целата улица гори. Огнот беше насекаде“, изјави сопственикот на еден уништен дуќан.

    Пожарот почнал пред полноќ по локално време, кога голем број жители веќе спиеле. Се верува дека прво се запалило складиште на хемиски материјали, по што огнот бргу зафатил уште три згради. Пожарникарите, кои пет часа го гаснеле огнот, кажаа дека идентификацијата на жртвите ќе оди многу тешко. Се очекува билансот на загинати да се зголемува, бидејќи некои опожарени објекти сѐ уште не се истражени.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира